
Русија и Србија преговараат за американските санкции против НИС
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека надлежните структури на Русија и Србија водат разговори за решавање на прашањата поврзани со американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС), информираа дел од српските медиуми.
Препорачано
„Има проблем со американските санкции против НИС. Во тек се преговори за изнаоѓање решение, тие се водат преку надлежните структури“, рече Захарова на брифинг.
САД во јануари воведоа санкции за НИС и бараат целосно повлекување на руските структури од сопственоста на српската компанија, пренесува РИА Новости.
Руски Гаспром и Гаспром Нефт се мнозински сопственици на НИС со удел од 56,15 отсто, додека втор најголем акционер е државата Србија со удел од 29,87 отсто.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
6мин
-
11мин
-
14мин
-
19мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5