Русија и понуди на Америка продолжување на договорот „Нов старт“

Сергеј Рјабков/ Фото ЕПА

Рјабков: САД се уште не покажале подготвеност позитивно да одговорат на повикот за продолжување на договорот без предуслови.

Продолжување на договорот „Нов старт“ на уште пед години и понуди Русија на Америка, а со овој договор се предвидува и воспоставување нови механизми на контрола врз вооружувањето за време на овој петгодишен период, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Според изјавите на руските претставници, контактите меѓу Москва и Вашингтон по однос на ова прашање се уште не се воспоставени.

– Ние сметаме дека „Нов старт“, кој овозможува предвидливост во областите на нуклеарното и ракетно вооружување за време на една деценија, заслужува да биде продолжен за дополнителни 5 години во кои би можел да биде развиен нов механизам од областа на контролата на вооружувањето или стариот би можело да биде унапреден, вели Рјабков.

Тој додава дека САД се уште не покажале подготвеност позитивно да одговорат на повикот за продолжување на договорот без предуслови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот