Русија го презема приматот на пазарот со обоени дијаманти

Еден од најголемите руски производители на дијаманти, „Алроса“, ќе го преземе водството на пазарот со обоени дијаманти, откако наскоро ќе се затвори австралискиот рудник Аргајл.

Имено, овој австралиски рудник во моментов е најголем производител на ваков вид скапоцен камен и неговото затворање е предвидено за втората половина од оваа година затоа што, по повеќе од 30 години експлоатација, неговата понатамошна работа е економски непрофитабилна, известува „Раша тудеј“.

Неговото затворање се очекува да има влијание врз целата глобална индустрија на дијаманти, како и да ја направи Русија главен снабдувач на скапоцени камења.

– По затворањето на рудникот Аргајл, ќе станеме најголемиот производител на обоени дијаманти во светот и ќе ја заземеме водечката позиција на пазарот за овие скапоцени камења“, рече извршниот директор на „Алроса“, Павел Виникин.

Тој објасни дека неговата компанија поседува неколку производители на обоени дијаманти, како што се Севералмаз и Алмази Анабара.

Патем, Алмази Анабара е познат по откривањето на розовиот дијамант од 14,83 карати со назив „Духот на розата“, кој би можел да стане најскапиот скапоцен камен во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот