Русија го прекина железничкиот сообраќај со Кина

Фото: МИА

Русија го прекина железничкиот сообраќај со Кина, освен возот на релација Москва – Пекинг, за да го спречи ширењето на новиот коронавирус, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.

– Од полноќ го прекинуваме железничкиот сообраќај со Кина. Единствено ќе сообраќаат возовите на релација Москва – Пекинг и Пекинг – Москва, рече Голикова на прес-конференција.

Таа додаде дека Русија до петок ќе донесе одлука за воздушниот сообраќај со Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот