Русија го обвини Израел дека го поддржува „неонацистичкиот режим во Киев“

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Руската Федерација/Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Руското министерството за надворешни работи не се извини за скандалозната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој изјави дека „Хитлер ј имал еврејска крв“, туку продолжи со дипломатскиот напад врз Израел.

„Посветивме внимание на изјавите на израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид кои во голема мерка го објаснуваат фактот дека сегашната израелска влада продолжува да го поддржува неонацистичкиот режим во Киев“, се вели во твитот на руското Министерство за надворешни работи.

Тие објавија и линк до подолг есеј во кој се цитираат наводи дека руската страна го докажува украинскиот антисемитизам и лекција по историја за која Русите велат дека покажува докази за еврејската соработка со нацистите пред Холокаустот.

Што рече Лавров, а што израелскиот министер за надворешни работи?

Рускиот министер за надворешни работи во интервју за италијанска телевизија во неделата изјави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер има еврејски корени, додавајќи дека „најжестоките антисемитисти обично се Евреи“.

Следуваше и лутата реакција на Израел. Шефот на дипломатијата на земјата изјавата на Лавров ја нарече „непростлива и скандалозна“, а на разговор беше поканет и рускиот амбасадор во Израел. Израел воедно побара и извинување од Русија која засега не го стори тоа.

Зеленски за изјавата на Лавров: Немам зборови

ВИДЕО | Андоновиќ: Раскол помеѓу Кремљ и руските генерали? – По Шојгу, мистериja за исчезнувањето и на генералот Герасимов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот