Кир Сармер и Володимир Зеленски фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Русија го нападна Киев за време на посетата на британскиот премиер Стармер

Украинските единици за воздушна одбрана (ПВО) денеска дејствуваа над  центарот на Киев, а експлозии одекнаа низ главниот град на Украина.

Оваа информација ја пренесува Укринформ кој се повикува на објавата на  градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

– Силите за противвоздушна одбрана дејствуваат во центарот на главниот град. Останете во засолништа“, напишал Кличко на својот канал на Телеграм.

Укринформ објави дека е прогласена тревога за воздушна опаснст во Киев и други региони на земјата.

Ројтерс пренесува извештаи на очевидци за експлозии слушнати за време на посетата на британскиот премиер Кир Стармер на главниот град на Украина и дека силите за воздушна одбрана се обидуваат да  го одбијат  нападот на  руските  беспилотни летала.

Се известува дека градските власти објавиле дека нема жртви во овој напад, а автомобил погоден од остатоци од дрон бил оштетен во еден од киевските квартови.

Пред посетата, Зеленски навести дека ќе ја искористи средбата со Стармер за да разговара за шансите британските трупи да бидат распоредени во Украина како мировници по каков било договор за прекин на огнот со Кремљ.

Русија секојдневно лансира беспилотни летала на цели низ Украина. Украинското воздухопловство денеска соопшти дека синоќа биле соборени 34 беспилотни летала од 55 лансирани од руските сили, а 18 не стигнале до целите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот