Русија го блокира најчитаниот германски весник, „Билд“

Фото: Tim Reckman/ ccnull.de

Русија го блокира пристапот до порталот на „Билд”, најчитаниот германски весник, јавуваат руските медиуми, не наведувајќи ја причината за ваквиот чекор.

Барањето за блокирање на пристапот до „Билд” во Русија дошло од канцеларијата на Главниот руски обвинител, а државниот регулатор „Роскомнадзор” го одобрил барањето и го спроведе, пренесуваат руските меидуми.

-„Билд” деноноќно известува за агресивната војна на Путин во Украина, и на германски и на руски јазик. Одлуката на руските цензори да го блокираат нашиот портал потврдува дека нашите новинари работат на промоција на демократијата, слободата и човековите права, изјави уредникот на „Билд” Јоханес Боја за Си-Ен-Ен.

„Нивната одлука дополнително нѐ мотивира да им дадеме на руските граѓани уште повеќе можности да добиваат вести и факти независни од руската државна пропаганда”, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот