Русија ги вакцинира против ковид и животните: Кучињата, мачињата, лисиците и визоните развиле антитела

epa07691559 Anti-rabies vaccine is administered to a dog in a residential district in Quezon City, east of Manila, Philippines, 03 July 2019. According to animal welfare group Humane Society International (HSI), there are 50,000-70,000 rabies deaths globally and the Philippines ranks fifth among countries with the highest rabies cases. EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Вакцинацијата на домашни миленици против коронавирусот започна во неколку региони во Русија, пренесува агенцијата РИА.

Кон крајот на март, во Русија беше регистрирана првата вакцина во светот против коронавирус за животни. Заменик директорот на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија, Константин Савенков, тогаш објави дека масовното производство на вакцината Карнивак-Ков може да започне во април.

Тестирањето покажа дека кучињата, мачките, лисиците и визоните развиле антитела по приемот на вакцината, пишува Дејли меил.

– Тоа е првата и моментално единствената вакцина против коронавирус за животни. Сите животни кои ја примиле првата доза на вакцината, во 100% од случаите развиле антитела кон коронавирусот – рече Константин Савенков.

Воените кучиња беа вакцинирани во пресрет на нивното појавување на парадата на Црвениот плоштад на 9 мај, по повод одбележувањето на годишнината од крајот на Втората светска војна.

Вирологот д-р Надежда Рахманина рече дека оваа вакцина ќе биде особено важна за животните што носат крзно, потсетувајќи на масовната смрт на животните во Данска минатата година.

Од друга страна, Рахманина вели дека не е сигурна дали оваа вакцина им е потребна и на домашните миленици.

– Во текот на изминатата година не е докажано дека домашните миленици можат да заразат луѓе или нивните сопственици. Постојат изолирани случаи на инфекција кај мачки кои се опишани и докажани. Но, сè уште нема цврсти (докази) – забележува вирусологот.

Во јануари, група научници рекоа дека мачките и кучињата во иднина треба да се вакцинираат против ковид-19,бидејќи тие исто така можат да бидат заразени со коронавирусот.

– Не е незамисливо дека вакцинирањето на некои домашни животински видови ќе биде потребно со цел да се сузбие ширењето на инфекцијата – напишаа експертите од Универзитетот во Источна Англија во воведот.

Видео на денот