Русија ги престигна Велика Британија и Италија по бројот на заразени од коронавирусот

Profimedia

Русија по бројот на заболени од вирусот Ковид-19 ги престигна Велика Британија и Италија, со што изби на трето место во светот, позади САД и Шпанија.

Според последните податоци, во Русија се потврдени 221.344 случаи на новиот коронавирус, додека во Велика Британија се регистрирани 219.183, а во Италија 219.070 пренесува Тасс.

Најмногу заболени има во Москва, каде се потврдени 115.909 случаи, а само во последните 24 часа во тој град се пријавени 6.169 новозаболени, што е незначително повеќе од претходниот ден.

Од вирусот излечени се 39.801 лице, а починаа 2.009 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот