Русија ги предаде телата на 254 украински војници на Украина

EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Русија денеска и ги предаде телата на 254 украински војници на Украина, јави ДПА, повикувајќи се на претставници на Киев.

Сликите што ја придружуваат изјавата, направени од координативниот центар за размена на воени заробеници меѓу двете земји, покажуваат неколку бели камиони на неименуван контролен пункт.

Украинските власти соопштија дека во постапката за предавање на телата се вклучени повеќе министерства и институции, како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пренесе МИА.

Од овие 254 загинати украински војници, 221 се бореле во регионот на Доњецк, додека другите се убиени во Запорожје и Луганск. Не се споменуваше дали Украина за возврат ги врати телата на загинатите руски војници.

Украинските власти прецизираа дека војниците прво ќе бидат препознаени, а потоа ќе им бидат предадени на нивните семејства на погреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот