Русија ги повика страните во конфликтот во Авганистан да се воздржат од насилство и да не се крева паника

Талибанските власти го привеле сопственикот на приватната авганистанска телевизиска мрежа / Фото: EPA-EFE/NAWID TANHA

Русија ги повикува сите страни вклучени во авганистанскиот конфликт да се воздржат од употреба на насилство, изјави денеска рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небезња.

 Ги повикуваме сите страни во Авганистан, вклучени во напорите за решавање на насилството да се воздржат од непријателства и да промовираат мирно решение, рече Небезња на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, пренесува Тасс.

Рускиот амбасадор во ОН апелираше „да не се крева паника поради ситуацијата во Авганистан“:

– Во овој момент, ние веруваме дека не треба да паничиме, бидејќи е важно да се спречи масовно крвопролевање меѓу цивилното население.

Небезња на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации рече дека Русија внимателно ја следи ситуацијата што брзо се менува во Авганистан, каде што талибанците во неделата го зазедоа главниот град Кабул и ја презедоа власта во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот