Русија ги отстранува нуклеарните боеви глави од ракетите и ја гаѓа Украина?

Ракетен напад/Фото: ЕПА-ЕФЕ

Британското Министерство за одбрана соопшти дека добиените слики од отворени извори покажуваат остатоци од крстаречка ракета лансирана од воздух во Украина, која се чини дека е ракета од 1980-тите, која била вооружена со нуклеарна боева глава. Министерството додаде дека боевата глава најверојатно била заменета со баласт.

Ракети 300 с EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Таквата ракета ќе предизвика штета од кинетичката енергија на ракетата и непотрошеното гориво, но, сепак, веројатно нема да постигне сигурни ефекти против планираните цели, информираше британското министерство за одбрана во својот дневен билтен за разузнавање објавен на Твитер.

„Каква и да е намерата на Русија, оваа импровизација го истакнува нивото на исцрпување на залихите на руски ракети со долг дострел“, соопшти бртианското разузнавање

Видео на денот