Русија е подготвена да го извезува лекот авифавир

Поради недостигот на лекови против Ковид-19 во светот, Рускиот директен инвестициски фонд (РДИФ) е подготвен да го извезува лекот „авифавир”, а одлуката е донесена откако САД решија да ги купат речиси сите светски резерви во наредните месеци од лекот ремедивир, користен за истата намена.

Нагласувајќи дека „авифавир” е подобар од конкуренцијата во однос на ефикасноста, вклучително и „ремдесивир”, генералниот директор на РДИФ, Кирил Димитријев, изјави дека повеќе од 50 држави во светот веќе изразиле интерес за рускиот лек, пренесува ТАСС.

– Во соработка со фармацевтската компанија „Кемрар”, производството и достапноста на „авифавир” во светот ќе се прошират во наредните месеци, дополни Димитријев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот