Русија до 2025 година ќе испорача С-400 ракетен систем за Индија

фото: Профимедиа

Русија почна да произведува ракетен систем С-400 наменет за Индија, а според договорот испораката треба да биде до 2025 година, изјави извршниот директор на рускиот државен производител „Ростек”, Сергеј Чемезов.

Тој на Саемот во Дубаи (Dubai Airshow 2019) наведе дека Индија однапред ја платила нарачката на С-400, но не ја откри сумата.

Индија најави дека планира да купи руски ракетен систем С-400 уште во 2015 година, а за време на минатогодишната посета на претседателот на Русија, Владимир Путин потпишан е договор во висина од 5,43 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот