Русија без најдобриот играч на Мундобаскетот

Како наближува стартот на Светското првенство во кошарка во Кина, така се зголемуваат проблемите за селекторите поради отказите на најдобрите играчи.

Последен во низата играчи кои ќе го пропуштат Мундобаскетот во Кина е најдобриот руски кошаркар Алексеј Швед кој има повреда на стапалото.  Со неиграњето на Швед, селекторот Сергеј Базаревич останува без загарантирани 25 поени по натпревар.

– Не можев ни да замислам дека може да се случи да не настапам на СП во Кина, многу сум тажен. Цело лето работев индивидуално, се обидував да го санирам проблемот, но не ги минав деталните лекарски прегледи. Докторите не ми дозволија да продолжам и ми наредија мирување во следните 30 дена, по што веднаш го контактирав селекторот Сергеј Базаревич – изјави Швед.

Селекцијата на Русија на Мундобаскетот се наоѓа во групата Б заедно со селекциите на Аргентина, Јужна Кореја и Нигерија.

Од проблеми глава не може да крене и селекторот на САД, Грег Попович кој денеска се соочи со уште еден нов отказ. По десетината откази досега, последен кој се одлучи да не игра за репрезентацијата на САД е крилниот центар на Сакраменто, Марвин Бегли кој одлучи да летото да го искористи за индивидуални подготовки наместо да биде дел од репрезентацијата на САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот