Русија: Бебе починало откако родителите го оставиле да спие на балкон на седум степени под нулата

Фото: Профимедиа

Причината за смртта на детето е хипотермија, а како што јавуваат од Би-Би-Си, во земјите кои климата е постудена вообичаено е децата да бидат оставени да спијат надвор, бидејќи се верува оти така се намалува веројатноста за кашлица и грип.

Руската полиција отвори истрага откако бебе почина од студ во регионот Кабаровск во Русија. Станува збор за седуммесечно бебе кое со часови било оставено на балкон во количка на температура од минус седум степени Целзиусови, пренесува „Индекс“.

Родителите бебето го оставиле да спие на свеж воздух, јавува Би-Би-Си повикувајќи се на локалните медиуми. Министерот за здравство, пак, им порача на родителите да не ги оставаат бебињата на отворено и незгрижени.

– Секогаш треба да знаете каде ви е детето и со кого – порачал тој. Министерот додал дека малите деца брзо стануваат жртви на ниските температури.

Причината за смртта на детето е хипотермија, а како што јавуваат од Би-Би-Си, во земјите кои климата е постудена вообичаено е децата да бидат оставени да спијат надвор, бидејќи се верува оти така се намалува веројатноста за кашлица и грип.

Родителите од северните земји како Финска и Норвешка веруваат дека нивните деца спијат подобро и подолго на отворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот