Русија бара седниците на Првиот комитет на ОН да не се одржуваат во САД

Фото: Принтскрин

Русија поднела официјално барање седниците на Првиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации да не се одржуваат во Њујорк, туку во Виена или Женева.

Оваа информација на руски Тасс му ја пренел неименуван дипломат, кој им изјавил „документот веќе е предаден”.

САД не и одобри визи на третина од руската делегација која требаше да присуствува на седницата на Првиот комитет на ОН. Првиот комитет на Генералното собрание на ОН за прашањата на разоружувањето традиционално почнува со работа во октомври и заседава речиси секој ден во текот на тој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот