Русија бара ОН да гласа за укинување на функцијата на Високиот претставник во БиХ

Кристијан Шмит / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Русија категорично соопшти дека го отфрла назначувањето на Кристијан Шмит, поранешен германски министер за земјоделие, на оваа функција

Русија побара од Советот за безбедност на ОН во четврток да гласа за нејзината нацрт-резолуција со која се повикува до 31 јули 2022 година да се укине функцијата Висок претставник за БиХ и неговата канцеларија, изјавија синоќа дипломати за француските медиуми.

-Гласањето е побарано за во четврток попладне, прецизира изворот, кој сакаше да остане анонимен.

Сега Франција, земјата претседавач, треба да ја потврди оваа временска рамка.

Со години наназад оваа тема е предмет на контроверзи, а последните недели повторно беше актуелизирана.

Со неа Русија му се спротивставува на Западот, особено на Германија, чиј поранешен министер Кристијан Шмид од 1 август треба да ја преземе функцијата Висок претставник за БиХ од Валентин Инцко.

Западните дипломати го негираат овластувањето на Советот за безбедност да назначи висок претставник за Босна.

Кон крајот на јуни, Русија категорично соопшти дека го отфрла назначувањето на Кристијан Шмит, поранешен германски министер за земјоделие (2014-2018).

САД одговорија дека тоа е завршена работа и дека ОН немаат никаква врска со назначувањето на Висок претставник, за кој ќе одлучува Советот за имплементација на мирот (ПИК).

БиХ: Инцко поднесе оставка, Шмит назначен за нов висок претставник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот