Русија бара од ЕУ и НАТО да ја убедат Приштина да ги повлече спецјалците од северно Косово

 

Министерството за надворешни работи ги повика НАТО и ЕУ да ја убедат Приштина да ги повлече своите специјални сили од северно Косово.

– Уште еднаш нагласуваме дека силите на НАТО за Косово и мисијата на ЕУ го имаат потребниот мандат да спречат беззаконие, и затоа ја имаат целата одговорност да ги заштитат цивилите, да обезбедат мир и безбедност. Неопходно е да се изврши енергичен притисок врз администрацијата во Приштина со цел да се принуди да ги повлече своите безбедносни сили од северот на Косово и да спречи ситуацијата да се претвори во отворен конфликт – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.,

Фото: МИА

Во соопштението се посочува дека Москва е загрижена за ситуацијата во јужната српска покраина.

– Со загриженост забележуваме дека дојде до ескалација на тензиите во Косово, што беше предизвикано од неодговорните постапки на косовските власти. Почнувајќи од 20 септември, Приштина практично го блокираше сообраќајот помеѓу населбите населени со Срби во Косово и централна Србија. Полициските сили се концентрирани, се внесуваат специјални сили, оклопни возила и тешко вооружување. Цивилите беа изложени на насилство, а некои беа повредени. Неколку луѓе беа хоспитализирани – наведе Захарова во соопштението,додавајќи дека настаните се развиваат според сценариото од лошо кон полошо.

Заедницата на српски општини, замислена како начин за реално гарантирање на почитување на правата и интересите на косовските Срби, останува „мртва буква на хартија“ поради саботажата на Приштина, која се фокусираше на воспоставување целосна контрола во покраината со помош на самопрогласена косовска „држава“ “.

– Тоа, конкретно, значи уште еден бран прогон на Србите од провинцијата – наведува портпаролката на руското министерство.

Во исто време, додаде таа, постапките на приштинските стратези не наоѓаат соодветна проценка и одговор од Брисел, кој е овластен да помогне да се најде решение меѓу Белград и Приштина преку преговори, или од Вашингтон, според чии позиции се водат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот