Русија ѝ испорачува оружје од четири милијарди долари на Африка

Русија планира годинава да ѝ испорача на Африка оружје во вредност од четири милијарди долари, изјави синоќа генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Александар Михејев на маргините на Самитот Русија – Африка, што вчера почна во Сочи.

– Се работи за техника во воздухопловството и противвоздушната одбрана, оклопни возила, малокалибарско оружје и противтенковски ракетни системи, наведе Михејев.

Тој додаде дека Русија со оружје снабдува 20 африкански држави, меѓу кои Уганда, Руанда, Мозамбик и Ангола.

Според директорот на Сојузната служба за воено-техничка соработка на Русија, Дмитриј Шугајев, вкупната вредност на нарачаното оружје за оваа и следната година изнесува 14 милијарди долари.

На првиот ден од Самитот беше објавено и дека Русија и Нигер потпишале договор за купување на хеликоптери Ми-35, а во исто време Еритреја покажала интерес за руските ракетни чамци и хеликоптери.
Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека Централноафриканската Република е перспективен партнер на Москва.

– Русија е една од првите што ја призна независноста на вашата држава со воспоставување на дипломатски односи. Следната година ќе прославиме 60-годишнина од тој значаен момент во меѓудржавната историја – истакна Путин на средбата со претседателот на Централноафриканската Република, Фостен Арканж Туадер.

Туадер наведе дека се надева оти Русија ќе продолжи да ги обучува Армиојата на Централноафриканската Република .

– Побаравме од руското Министерство за одбрана да обучи четири пилоти за хеликоптери и поддршка за тие хеликоптери – наведе Туадер.

Претходно, беше соопштено дека Русија вчера испратила два авиона Ту-160 во Јоханесбург. Според руското Министерство за одбрана мисијата со авионите доставени до Јужноафриканската Република е со цел да се негуваат воените врски со таа земја.

Kопретседавач на Самитот Русија – Африка е Египет. Путин на средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси истакна дека годишна трговска размена со африканските земји е двојно зголемена во изминатите пет години и изнесува над 20 милијарди годишно, а 40 проценти од тоа е со Египет.

На првиот Самит Русија – Африка присуствуваат 43 лидери од вкупно 54 африкански држави, додека другите земји се претставени од високи претставници.

Самитот Русија – Африка е дел од напорите на Кремљ да го врати влијанието врз африканските држави што „избледи“ по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот