РУШАТ РЕКОРДИ: Полицијата во Рио де Жанеиро дневно убива по пет луѓе

ФОТО: EPA/ANTONIO LACERDA

Во последните години се појави и т.н. милиција, паравоена група формирана главно од активни и пензионирани полицајци.

Бројот на убиства од страна на полицијата во Рио де Жанеиро во минатата година ги сруши сите рекорди откако властите презедоа контроверзни мерки во борбата против насилството.
Полицијата убила 1.810 луѓе, што во просек е пет лица на ден. Тоа е најголема бројка откако почнаа да се прибираат официјални службени податоци во 1998 година.

Критичарите обвинуваат дека растот на насилството се должи на политиката која вклучува употреба на тешко вооружување во борбата против криминалците во густо населените места.

Сепак, функционерите во Бразил велат дека овој метод помогнал бидејќи е опадната стапката на криминал.

Рио де Жанеиро е едно од најгусто населените подрачја во Бразил, а огромен дел од градот е под контрола на криминалните групи, главно поврзани со шверцот на дрога. Во последните години се појави и т.н. милиција, паравоена група формирана главно од активни и пензионирани полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот