Русевски избркан од клубот после 30 години верност на македонскиот тенис!

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Предраг Русевски кој своевремено ги постигнуваше најдобрите резултати на македонската репрезентација во Дејвис куп натпреварувањето, преку социјалната мрежа Фејсбук ја информира јавноста дека не работи повеќе во тимот на ТК „Југ“, а еве ги и причините:

Официјално веќе не работам во тимот на ТК Југ!! Поради бројни несогласувања на спортски план, менување на планови програми и слично, без никаков разговор или прашање за истото со спортските работници, потценување на човечката и професионална личност како спортски работник, како и крајно некоректен арогантен однос према своите тренери (вработени) во кој бев и јас и родители во негов стил од страна на претседателот на клубот иако без никаков проблем и одлична тимска хемија на работење помеѓу тренерите, на некој начин после 30 години играње и работење во Македонскиот тенис бев избркан и непожелен веќе во клубот за жал, клубот кој го чувствувам исто како него за свој со многу емоции и со прекрасни доживеани моменти на истите терени!

фото: принтскрин/фејсбук

Сакам и јавно да се извинам на сите родители и на сите натпреварувачи што во овој момент се наоѓаме во оваа ситуација и се надевам дека што поскоро ќе го решиме овој проблем и ќе работиме уште подобро и ќе се гледаме уште долго на тенискиот терен, бидејќи сезонава конечно ќе почне! Спортски поздрав – напиша Русевски на Фејсбук.

Со репрезентацијата во 2006 година успеа да го оствари најголемиот успех пласирајќи се во Првата евро-африканска зона со победата над Финска.

Тогаш во решавачкиот меч Русевски со 3:2 го совлада Тимо Ниеминен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот