Руни со задача која не се гледа често во фудбалот

twitter.com/VDJClyde

Вејн Руни, легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, со пораз на својот ДЦ Јунајтед од Торонто (5:1) ја заврши професионалната кариера во американската МЛС лига.

За капитенот на тимот ова беше последен натпревар во САД, а 33-годишниот напаѓач за 18 месеци во дресот на ДЦ Јунајтед постигна 23 голови и запиша 15 асистенции.

Оваа сезона беше најдобар стрелец на екипата со 11 голови, а поранешниот капитен на Англија и Манчестер јунајтед се враќа во Англија.

Како што е веќе потврдено, од јануари 2020 година ќе биде ангажиран во второлигашот Дерби Каунти како играч-менаџер.

Моментно после 12 кола во Чемпионшип Дерби Каунти е на 15 позиција со 15 бодови. Лидер на табелата е Вест Бромвич со 23 бодови, два повеќе од второпласираниот Лидс Јунајтед на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот