Руни нема дилеми: Јунајтед треба да го пушти Роналдо да си оди

Вејн Руни и Кристијано Роналдо / EPA/Magi Haroun

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, Вејн Руни, кој сега е тренер на ДиСи Јунајтед во МЛС лигата, му порача на поранешниот клуб да го пушти Кристијано Роналдо да си замине.

Руни во колумна за „Тајмс“ пишува дека мисли дека Роналдо може да постигнува голови, но Манчестер јунајтед се уште не е подготвен да се вклучи во битката за титулата во Премиер лигата.

– Мислам дека Јунајтед треба да го пушти Роналдо да си оди. Не дека Роналдо не може да игра во системот на Тен Хаг, Кристијано може да игра за која било екипа и секогаш ќе постигнува голови. Но, мислам дека Манчестер јунајтед не е подготвен да се вклучи во битката за титулата и целта треба да биде да изгради тим кој ќе триумфира во Премиер лигата за 3-4 години – пишува Руни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот