Руни му одговори на Роналдо: Го стигнуваат годините, тешко му е

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Кристијано Роналдо предизвика бурни реакции во фудбалскиот свет со интервјуто кај Пирс Морган, покрај критиките за Манчестер Јунајтед и Ерик Тен Хаг Португалецот не ги поштеди ниту поранешните соиграчи.

Вејн Руни и Гери Невил го критикуваа Роналдо во последниот период за неговото однесување, а Роналдо тоа не го прифати на најдобар начин.

„Гери Невил и Вејн Руни со тоа што ме критикуваат добиваат на популарност. Не знам можеби ми се љубоморни. Не сум другар со нив, со нив бев колега и тие се само дел од моето патување. За разлика од нив Рио Фердинанд и Рој Кин се секогаш на моја страна. Кин е најдобриот капитен кој некогаш сум го имал“, изјави Роналдо за поранешните соиграчи.

Сега стигна и одговорот од Руни.

„Кристијано е еден фантастичен играч. Со Меси веројатно се двајцата најдобри играчи кои ја играле оваа игра. Годините сепак не стигнуваат сите, па така и него, а на Кристијано му е тешко да се справи со тоа“, изјави Руни.

Очекува и реакција од Манчестер Јунајтед.

„Направи интервју и стана глобално. Некои од коментарите таму се навистина малку чудни, меѓутоа сигурен сум дека Манчестер Јунајтед ќе знае како да се справи кога ќе го погледне целосното интервју“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот