Румениге: Алкантара нема да го пуштиме бесплатно!

фото: твитер

Претседателот на одборот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге разјасни една од најактуелните теми околу баварскиот клуб, имено желбата на Тијаго Алкантара да се пресели во Ливерпул.

Шефот на баварците потврди дека шпанскиот репрезентативец одбил да го обнови својот договор и ќе биде продаден.

Тијаго е исклучителен и на теренот и надвор од него. Преговаравме и ги исполнивме сите негови барања. Сепак, се чини дека тој сака да проба нешто ново во неговата кариера. Немавме никаков контакт со Ливерпул.

Доколку Тијаго инсистира да си замине, ќе мора да се договориме. Едно е сигурно, нема да го пуштиме бесплатно на крајот од неговиот договор – рече Румениге за „Билд”.

Претходно, медиумите објавија дека Алкантара веќе ги договорил личните услови со Ливерпул и им кажал збогум на своите соиграчи. Но, тренерот Ханси Флик објави дека има намера да се потпира на играчот од средниот ред во финалето на германскиот куп против Баер Леверкузен.

Ново засилување во Ливерпул доаѓа од Баерн!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот