Румен Радев доби поддршка од бугарските социјалисти за втор претседателски мандат

Румен Радев/ Фото: МИА

Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија одлучи да ја поддржи претседателската двојка Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат со 122 гласа „за”, ниту еден против и девет воздржани, јави дописникот на МИА од Софија.

Членовите на Националниот совет формираа работна група за комуникација со претседателската двојка за формулата за нејзино номинирање, иницијативниот комитет и политиките што ќе ги бранат Радев и Јотова.

Групата за комуникација ќе биде предводена од лидерот на БСП, Корнелија Нинова и ќе вклучува високи претставници на раководството на партијата, меѓу кои и Кристијан Вигенин, поранешен министер за надворешни работи во времето на премиерот Пламен Орешарски, во периодот 2013-2014 година.

БСП ќе ги одобри политиките развиени од Извршното биро, кои ќе бидат предмет на разговори помеѓу работната група и претседателската двојка за нејзиниот втор мандат.

Додека раководството на БСП имаше состанок, младинската организација на БСП скандираше за оставка на Корнелија Нинова. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот