Рум торта со суво овошје

За пандишпан:

Состојки:

6 јајца
200 грама шеќер
100 грама брашно
2 лажици какао
1 прашок за печиво
100 грама путер
10 лажици рум
За чоколадниот фил:
3 јајца
100 грама шеќер
300 милилитри млеко
400 милилитри слатка павлака
500 грама чоколадо за готвење
За карамел филот:
300 грама шеќер
100 грама путер
150 милилитри слатка павлака
100 грама ореви
100 грама суво овошје по ваш избор

Подготовка:

Во сад изматете ги јајцата заедно со шеќерот додека не добиете цврста смеса. Потоа додајте ги останатите состојки потребни за пандишпанот и убаво промешајте ги за да се соединат. Вака подготвеното тесто печете го во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Откако тортата ќе се испече, извадете ја и оставете ја да се излади. Додека чекате пандишпанот да се излади, почнете со подготовка на двата фила.

Најпрвин исечкајте ги оревите и сувото овошје и оставете да откиснат околу 20 минути во млака вода. Потоа на тивок оган затоплете ја слатката павлака, а во неа ставете го да се растопи и путерот. Додека овие состојки се затоплуваат, изматете ги јајцата и шеќерот со кои ќе го подготвите чоколадниот фил, а откако убаво ќе бидат изматени, во нив додајте ги павлаката и путерот што се стопиле, а потоа сте ги оставиле малку да се изладат. Во никој случај немојте да ги ставате врели павлаката и путерот во јајцата и шеќерот, бидејќи така ќе ги подварите јајцата, а филот ќе мириса многу лошо.

Потоа, една по една додавајте ги и другите состојки потребни за подготовка на чоколадниот фил и убаво промешајте.

На крај почнете со подготовката на карамел филот. Шеќерот, путерот и слатката павлака ставете ги на тивок оган и затоплувајте ги состојките додека од нив не добиете компактна смеса. Потоа додајте ги и оревите и омекнатото суво овошје во филот.

Со ова завршува постапката за подготовка на сите потребни делови на тортата.

Земете го тестото што веќе добро се изладило, пресечете го на три еднакви дела и почнете со филување. Ставете од пандишпанот, па од чоколадниот фил и на крај од карамел филот. Повторувајте ја оваа постапка додека не ги потрошите филот и тестото. На крај, декорирајте по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот