„Руле турс“: Основен проблем во патничкиот транспорт беа дивите превозници

Владината одлука за зголемување на капацитетот во патничкиот превоз е во ред и таа само ќе ни овозможи да работиме, вели за „Слободен печат“, Масер Омерагиќ, директор на „Руле турс“. Според него, подобро е да се работи и со ваков капацитет, бидејќи превозниците речиси цела година трпеа огромни штети од пандемијата.

Но, најголемиот проблем во ваквата ситуација е дивиот превоз, односно приватниците кои без да ги почитуваат протоколите со автомобили, превезуваат патници од еден до друг град.

-Патничкиот превоз е лесен за контрола и следење. И додека ние ги почитувавме законите, протоколите и препораките за заштита на здравјето, на терен се соочивме со масовна сива економија во превозот. Примерите се очигледни, секојдневно меѓу 40 до 50 приватници со  поголеми автомобили, правеа по неколку тури од Скопје за Куманово и Тетово и обратно. Возат по споредни патишта и не плаќаат патарини, додека ние имаме огромни трошоци за одржување, амортизација, дезинфекција, итн- објаснува Омерагиќ. 

Тој гарантира дека автобусите се безбедни за патниците, бидејќи постојано се дезинфицираат, имаат висина, а максимално се внимава да се одржи културното растојание меѓу седиштата.

-Дали е исто ако во автобус кој е предвиден за околу 55 патници се возат триесеттина или пак ако во автомобил со четири или пет седишта, се натискаат седум луѓе- прашува Омерагиќ?

Превозниците победија: Наместо 26, сега во автобусите ќе се возат по 36 патници

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот