Руиз Калавера: Власта и опозицијата добро знаат како до кредибилно решение за СЈО

Фото: Миа мк

Директорката за Западен Балкан во Европската комисија, Геновева Руиз Калавера, за МИА изјави дека е многу важно власта и опозцијата да постигнат кредибилно решение за иднината на СЈО до октомври кога ќе се одлучува за датум за преговори во Европската Унија.

На прашање дали блокадата во преговорите за СЈО и случајот „Рекет” би можеле да бидат пречка во октомври за добивање датум за преговори, Руиз Калавера вели дека не може да предвиди каква одлука ќе донесат земјите членки, но дека Европската комисија „јасно ги охрабрува” политичките партии да ги одблокираат преговорите.

– Многу е важно власта и опозицијата да се договорат за кредибилно решение, затоа што овој проблем задира во владеењето на правото, а тоа ќе биде еден голем дел во преговорите за членство со ЕУ. Ние можеме само да ги охрабриме партиите да се договорат за решение кое ќе биде апсолутно кредибилно за довербата која Европската Унија ја има во Северна Македонија, рече за МИА директорката за Западен Балкан.

На прашање дали може да биде поспецифична околу поимот „кредибилно” решение, Руиз Калавера вели дека двете страни „добро знаат” што треба да направат, но без повеќе детали за јавноста.

– И владата и опозицијата знаат многу добро што значи кредибилно. Треба да го најдат тој пат и да дојдат до ситуација во октомври каде сите ќе бидат убедени, како што сме ние во Европската комисија, дека е време и дека е навистина потребно да започнат преговорите со вашата земјата, изјави Руиз Калавера.

Околу довербата во останатите обвинители од СЈО, таа вели дека сите имаат право на пресумпција на невиност.

– Знаете важно е додека не е докажано дека сте виновни да имате право на пресумпција на невиност. Вие морате да им верувате на луѓето. Ние навстина не можеме да не им веруваме на луѓето, сѐ мора да биде на база на факти, да се докаже дека е поткопана довербата, и ние ги охрабруваме сите да покажат дека заслужуваат да им се верува, истакна Руиз Калавера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот