Руди Гарсија е новиот тренер на Лион

twitter.com/OL

Лион го именуваше францускиот стручњак Руди Гарсија за нов тренер на екипата. Поранешниот стратег на Олимпик Марсеј и Рома, потпиша договор до јуни 2021 година.

Гарсија на клупата доаѓа како наследник на Бразилецот Силвињо, кој пред репрезентативната пауза доби отказ.

– Се работи за искусен тренер кој веќе освоил трофеи. Во текот на разговорите сфатив дека имам фудбалска врска со него. Зборуваме со ист јазик во смисла на тактиката и играта – рече директорот на клубот, Жунињо Пернамбукано.

Гарсија својот прв меч ќе го има в сабота во првенствениот натпревар против тимот на Дижон.

Екипата после девет одиграни кола има исто толку бодови и моментно се наоѓа на 14 место на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот