Рударска несреќа во Полска: Еден загинат, 16 повредени

Архива

Во рударска несреќа во Полска, еден рудар загинал, а 16 се повредени откако потрес го погоди рудникот за јаглен Билзовице во јужна Полска, јави полската државна новинска агенција ПАП.

Портпаролот на рудникот изјави дека на еден тешко повреден рудар му била потребна реанимација, додека останатите имаат полесни повреди.

Споменатиот рудар наскоро починал.

ПАП пишува дека земјотресот имал со јачина од 3 степени според Рихтер.

Сите рудари биле извлечени од зоната на опасност, откри портпаролот, но не е познато дали се извлечени и од самиот рудник.

Во јули тројца рудари загинаа по земјотрес во рудник во Катовице, што е најсмртоносен рударски инцидент во Полска годинава.

Земјата сè уште најголем дел од електричната енергија ja добива од јаглен, но неговото производство во последниве години опаѓа, како резултат на пониските инвестиции и кратењето на трошоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот