Рудари од Пробиштип им помагаат на настраданите од земјотресот во Албанија

Фото: МИА

Рудари од пробиштипскиот рудник „Булмак 2016″ се дел од спасувачките тимови во погодените населени места од земјотресот во соседна Албанија. Бобан Стојмировски од кабинетот на градоначалникот на Општина Пробиштип за МИА информира дека рударите веќе петти ден се во Албанија, а заминати се да помогнат при излвлекување на луѓе од урнатите објекти.

– Хуманоста ја покажуваме со дела, во заедничка координација со Дирекцијата за заштита и спасување, Општината и рудникот „Булмак 2016″, екипа од наши храбри сограѓани – рудари, веќе петти ден е на терен во соседна Албанија за да пружат помош на погодените од катастрофалниот земјотрес. Дарко Начковски, Елвис Арсов, Драган Тасевски, Александар Алексов и Душко Велинов – благодарност до секој од овие храбри луѓе, вели Стојмировски.

Рударите кои се дел од спасувачките тимови испратиле и фотографии, од кои се гледа како влегуваат во урнатите објекти, во потрага по преживеани луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот