Рудар преку ноќ станал милионер поради две парчиња танзанит

Рудар во Танзанија станал милионер преку ноќ откако продал две парчиња скапоцен камен, најголеми што се некогаш пронајдени во оваа земја, со вкупна тежина од 15 килограми.

Саниниу Лајзер (52) продал две парчиња танзанит за 3,4 милиони долари на Министерството за скапоцени камења во Танзанија. Лајзер рекол дека со овие пари сака да инвестира во својот крај и да изгради трговски центар и училиште во близина на неговата куќа. Тој истакнал дека многу луѓе во неговото соседство се сиромашни и не можат да си дозволат да ги одведат своите деца на училиште. Рударот рекол дека парите што ги добил нема да го променат неговиот начин на живот и дека тој планира да продолжи да се грижи за своите 2.000 крави, додека вложувањето ќе им го препушти на своите деца.

Лајзер има повеќе од 30 деца и четири сопруги.

Тој вели дека нема потреба да презема дополнителни мерки на претпазливост поради парите бидејќи неговиот крај е безбеден, а најави и голема прослава по повод ненадејната добивка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот