Ручи по ултиматумот на Мета: Добредојден е во Парламентот, на тоа ме обврзува Уставот

Посочи дека и претседателот и премиерот се во право во своите одлуки и додаде дека последните две уредби од страна на Мета, внимателно ќе ги разгледа Собранието.

Претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи за првпат ја коментираше изјавата на шефот на државата, Илир Мета дека по 15 март ќе го распушти парламентот а за тоа уредба ќе потпише во Собранието, доколку не се земе во предвид неговата последна уредба, велејќи дека на „кодиран начин вратата на Парлaментот за Мета е секогаш отворена и оти е добредојден секогаш кога ќе посака”.

Тој за првпат го коментираше и недоразбирањето меѓу шефот на државата и премиерот.

Посочи дека и претседателот и премиерот се во право во своите одлуки и додаде дека последните две уредби од страна на Мета, внимателно ќе ги разгледа Собранието.

-Како претседател на парламентот, велам дека сме фокусирани на започнување преговори, реформата во правосудството и транспарентноста на фондовите од донаторската конференција. Секоја институција е легитимна во одлуките што ги носи, и претседателот со уредбите со кои одобрува или враќа одреден закон. Таков е случајот со последните две уредби, кои Собранието внимателно ќе ги разгледа во предвидениот рок за тоа, рече Ручи.

Претседателот е добредојден секогаш кога сака да го посети парламентот и ќе го дочекам, додаде Ручи нагласувајќи дека на тоа го обврзува Уставот.

-Уставот ме обврзува да го пречекам претседателот секогаш кога сака да го посети парламентот или примам и прочитам секоја порака што тој ќе му ја испрати на парламентот, дообјасни Ручи.

Претседателот Мета на мирниот протест што на втори март го организираше во Тирана, пред илјадниците насобрани граѓани потпиша уредба со која го враќа на повторно разгледување законот за именување на судии во Уставниот суд и давањето заклетва.

Во спротивно пред албанското знаме се заколна дека ќе го распушти Парламентот и оти за тоа уредба ќе потпише во Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот