Ручи му го честита изборот на Џафери и го покани да ја посети Тирана

Претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи, му го честиташе реизиборот за спикер на македонскиот парламент на Талат Џафери, оценувајќи дека неговиот повторен избор е потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Република Северна Македонија.

-Ви упатувам најсрдечни честитки по повод вашиот реизбор, од мое лично и од име на Собранието на Република Албанија. Вашиот реизбор претставува потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Северна Македонија и нејзината одговорност за консолидација на демократијата, изградбата на праведно општество, економски и општествен развој и забрзување на евроатланските интегративни процеси на Северна Македонија, стои во чеситката.

Изразува убеденост дека зголемувањето и зајакнувањето на политичката застапеност ќе служат за подобрување на благосостојбата и поттикнување на проширување на вклученоста на Албанците на сите нивоа и институции во нашата земја.

-Исто така, убеден сум дека многу успешната соработка помеѓу Собранието на Република Албанија и Собранието на Република Северна Македонија ќе продолжи многу наскоро и со задоволство ве поканувам во официјална посета на Албанија, што е можно поскоро и во согласност со вашата агенда, наведува Ручи во честиката до Џафери за неговиот реизбор.

Џафери, во посета на Албанија беше на 17 февруари, минатата година, во рамки на разгледувањето на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во албанскиот Парламент. Тој имаше средба со неговиот колега Ручи, а учествуваше и на пленарната седница на албанскиот Парламент, на која беше ратификуван Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот