Рубљев: Федерер е вистинска легенда

Рускиот тенисер Андреј Рубљев ја направи најголемата сензација на Мастерс турнирот во Синсинати со елиминацијата на Роже Федерер. Русинот кој место на главниот турнир обезбеди преку квалификациите, во третото коло со 6:3,6:4 го совлада Федерер. Интересено е што дуелот траеше само 62 минути и ова претставува најбрз пораз за Швајцарецот во последните 16 години.

– Ова ми е најголемата победа во кариерата. Навистина не можам да верувам дека успеав да го совладам Федерер, тој е вистинска тениска легенда. До пред некое време го гледав на ТВ екраните, а сега успеав да го победам – изјави Рубљев.

За разлика од Федерер, првиот носител, Новак Ѓоковиќ немаше никакви проблеми со незгодниот Шпанец, Пабло Карено Буста кого го совлада во два сета и тоа со 6:3,6:4.

Кај дамите, елиминација доживеа шампионката од Вимблдон, Симона Халеп која е поразна од Американката Медисон Киз. Киз славеше со 6:1,3:6,7:5 и успеа да ја прекине серијата од шест порази по ред во меѓусебите дуели со Халеп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот