РТК: Вонредните избори во Косово на 8 септември

Газета Експрес

Вонредните избори во Косово ќе се одржат на 8. септември, се дознава од извори во косовското претседателство. Според овие извори на Радио-телевизијата на Косово(РТК), претседателот Хашим Тачи одлучил во согласност со уставните и законските рокови да објави вонредни избори што ќе се одржат на 8-ми септември.

„Според правните толкувања, вонредните избори мора да се одржат не порано од 30 дена, а не подоцна од 45 дена. Но, ова се однесува на датумот по конституирањето на косовското Собрание. Овој пат не станува збор за ново конституирање на косовското Собрание и затоа не е јасно дали овие рокови важат и за овие околности”, јавува РТК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот