РТК: Со документ се бара од Србите да не купуваат артикли од Албанците

На северот на Косово недостасува млеко како и мноштво други прехранбени производи, па се до различни видови детергенти кои до сега беа увезувани од Србија.

Радиото Телевизија Косово дознава дека продавниците за храна ќе бидат затворени од четврток на северот, со цел во пресрет на празникот Видовден на 28. јуни, кога многу граѓани од Србија доаѓаат на Косово и во Газиместан, да се отслика „тешката хуманитарна состојба“ на Србите од северот на Косово.

Според РТК, ситуацијата е исценирана, а тоа наводно го докажува и еден документ кој циркулирал во северните општини од вторникот, во кој се барало од граѓаните и покрај недостигот на артикли по никоја цена да не купуваат стоки од Албанците.

Документот кој што РТК тврди дека го обезбедил бил напишан со кирилично писмо и го има потписот на “Здружението на бизнисмени на Косово и Метохија”.

Извори за овој медиум велат дека членови на организацијата „Цивилна заштита“ ќе останат овие денови близу до мостовите на Ибар, за да ја следат ситуацијата одблизу како превенција од носење албанска стока на северот од Митровица и во останатите српски општини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот