РТК: Новиот британски премиер Борис Џонсон, правнук на Албанецот Али Кемал (ФОТО)

Новиот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, е правнук на Али Кемал, кој бил Албанец, јавува РТК.

Рајан Гингерас е професор во „Naval Postgraduate School” во Монтереј, Калифорнија, експерт за историјата на Турција, Балканот и на Блискиот Исток. Во неговата книга „Sorrowful Shores: Violence, Ethnicity, and the End of the Ottoman Empire”, тој вели дека лидерот на анти националистичката организација „Ингилиз” Али Кемал бил Албанец.

РТК

Тој наведува дека неговата поврзаност со Албанците од Отоманската империја била многу силна и дека Али Кемал го предупредил Исмаил Ќемали да избегне од Турција поради заканата од солунскити екстремисти и апсењето што му се подготвувало.

РТК

Али Кемал, пак според податоците на Википедија, избегал во Англија во 1909 година, каде што исто така создал семејство. Неговиот правнук денеска е Борис Џонсон, политичар кој овие денови е избран за премиер на Велика Британија.

Али Кемал исто така е претходник и на турскиот дипломат Селим Кунералп, англиските политичари, Стенли Џонсон, Џо Џонсон, на новинарот Рејчел Џонсон и претприемачот Лео Џонсон, пренесува РТК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот