РСБСП организира школа за мотоциклисти, за најдобрите бесплатно полагање за АМ категорија (ВИДЕО)

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започна со летна кампања, во рамки на која ќе биде реализирана летна школа за млади мотоциклисти. Преку онлајн настава, мотоциклистите ќе добијат знаење за правилно управување на мопед, по што ќе биде спроведено тестирање за познавање на сообраќајните правила, а на најдобрите ќе им бидат доделени ваучери за бесплатно полагање за возачка дозвола од АМ категорија. За останатите детали од летната кампања, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ денеска зборуваше Владимир Лазаров, секретар во РСБСП.

-Нашите индикатори говорат дека во летниот период, во услови на високи температури, опуштеност на возачите и долгите патувања, постои поголем ризик за сообраќајни несреќи. Статистиката покажува дека бројот на загинати во летниот период е двојно поголем за разлика од зимскиот период. За да го намалиме бројот на жртви, правиме повеќе активности.

-Во процес сме на потпишување на меморандум за соработка со Агенцијата за безбедност на Р. Србија, со цел да опфатиме што повеќе возачи. Изработивме и 20.000 маски кои ќе започнеме да ги дистрибуираме за 15 дена, а ќе ги делиме на неколку пунктови, на патарини, бензински пумпи, гранични премини, вели Лазаров.

Тој додаде дека доколку сите би ги почитувале сообраќајни правила во патниот сообраќај, како што се почитуваат во воздушниот, значително би се намалил бројот на жртви.

Јас како воен пилот можам да потврдам дека авионскиот сообраќај е многу побезбеден од патниот, но само затоа што се почитуваат правилата. Од сообраќајни несреќи на патиштата во светот умираат 1.300 000 луѓе, додека во авински несреќи загинуваат најмногу до 500 луѓе годишно. Ако кај сите се зголеми свеста, за почитување на правила, овие бројки значително ќе се намалат, објаснува Казаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот