РСБСП апелира да се зголеми безбедноста на децата во сообраќајот

Фото: РСБСП

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира да се зголеми безбедноста на децата во сообраќајот како најранливи учесници. Ги повикува родителите да бидат внимателни како се однесуваат зашто децата тоа го прифаќаат и да им бидат пример за правилно, совесно и одговорно учество во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.

– За деца во сообраќај се сметаат лица на возраст од 0 до 14 години. За жал, сообраќајните несреќи се меѓу петте најчести причини за смрт на деца во светот. На секои четири минути на патиштата низ светот, едно дете го губи животот. Ваквите несакани настани предизвикуваат неописливи страдања и тага, и оставаат последици врз функционирањето на семејствата. Се рефлектираат и врз општеството кое останува лишено од многу млади животи кои со својот интелект и младост требало да бидат двигатели, односно сила на општеството, наведува РСБСП.

Децата учествуваат во сообраќајот како патници, пешаци и возачи (пр. возачи на велосипеди). Според статистиката, посочува РСБСП, најголем број од децата стрaдаат како патници во возило, што е дополнето и со фактот дека многу мал процент од родителите безбедно ги превезуваат своите деца на детски седишта во автомобилите. Нешто помал процент од децата се загрозени како пешаци, а најмал е процентот на настрадани деца при управување со велосипед.

– Да се биде безбеден во сообраќајот е многу повеќе од стекнување знаење и справување во одредени ситуации, тоа првенствено е желба да се сменат ставовите и однесувањето на сите учесници во сообраќајот. Затоа навремената едукација на децата за сообраќајните правила и прописи, заложбата за нивна подготовка за успешно вклучување во сообраќајот во иднина како пешаци, возачи или патници, како и промената на ставовите и однесувањето на сите учесници во сообраќајот, е концепт кој неминовно ќе даде резултати во насока на постигнување поголема безбедност на децата во сообраќајот, истакнува Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот