РПЦ стравува дека Грција насилно ќе ги протера руските монаси од Света Гора

Монаси на Света Гора / Фото: EPA-EFE/NIKITAS KOTSIARIS

Руската православна црква стравува дека руските монаси би можеле насилно да бидат протерани од Света Гора, изјави денеска секретарот за меѓуверски односи во Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, Дмитриј Сафонов, пред посетата на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

– Посетата на патријархот Вартоломеј на Света Гора е закажана за крајот на мај и најверојатно ќе се совпадне со полициската акција што грчката полиција веќе ја спроведе против монасите од манастирот Есфигмен кои не се согласуваат со политиката на Вартоломеј. Не сакам да кажам дека манастирот Есфигмен е на вистинскиот пат, тоа е друга работа, но тоа беше преседан кога монасите беа насилно преместени од политички причини. И се плашиме дека можеби руските монаси на Света Гора би можеле да се соочат со истата закана, рече Сафонов, пренесува ТАСС.

Тој потенцираше дека Света Гора е под политичка власт на Грција.

Според Сафонов, патријархот Вартоломеј неодамна ја посетил Грција и се сретнал со премиерот Киријакис Мицотакис, од кого, според пишувањата на медиумите, добил согласност да ги протера руските монаси од Света Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот