Рози и подароци за добредојде, топло пречекани странските туристи во Бугарија (ФОТО)

Фото: Дојче Веле

Првите странски туристи во Бугарија денеска беа пречекани со рози и бугарски сувенири на аеродромот во Бургас. Лично ги поздрави надлежната министерка. Со чартер-лет од Холандија на аеродромот во Бургас денеска пристигнаа првите странски туристи по избивањето на пандемијата на коронавирусот.

Пречекани беа од бугарската министерка за туризам Николина Ангелкова, а добија по една црвена роза и бугарски сувенири. Пречекот беше дополнет и со фолклорна програма, пренесе „Дојче Веле“.

Пречекани првите странски туристи во Бугарија / Фото: Дојче Веле

Во Бургас денеска слетаа првите 190 странски туристи

Најсиромашната земја во Европската унија се потпира на туризмот, кој има удел од 12% во економското постигнување на Бугарија. Министерката Ангелкова, која признава дека времињата се тешки, се надева дека и покрај короната, овогодишната летна сезона ќе биде успешна. Ангелкова укажа дека на бугарскиот брег на Црното Море коронавирусот е малку раширен. Чартер-четови од Холандија би требало да има четирипати неделно.

Туристи на плажа/ Фото: Дојче Веле

Ќе се наполнат ли празните плажи на бугарското крајбрежје?

Многу големи хотели на бугарското крајбрежје не знаат дали и кога повторно ќе отворат, со оглед на тоа што многу чартер летови се откажани – само во јули околу 150. Исто така, тешко е да се предвиди како ќе изгледаат работите со туристите од големите пазари како Германија, Велика Британија и Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот