Рожер Федерер ја доби битката со „Најк”

twitter/#AusOpen

– Се надевам дека ќе бидат кооперативни и ќе ми помогнат да го вратам. Добра работа е што не може засекогаш да бидат нивни – рече швајцарскиот тенисер.

Најдобриот швајцарски тенисер ја доби долгата битка со „Најк” за користење на логото „РФ”. Рожер Федерер во 2018 година ја напушти соработката со американскиот производел на спортска опрема и направи трансфер кај јапонски „Уникло” со кој беше потпишан договор на 10 години на 300 милиони долари.

Од тој момент, Федерер не беше во можност да го користи логото „РФ”, бидејќи правата врз него ги имаше „Најк”, иако се иницијали на Швајцарецот.

Повторуваше дека еден ден ќе ги врати правата на заштитниот знак:

– Логото „РФ” е на „Најк”, но еден ден повторно ќе биде мое. Тоа се мои иницијали, мои се. Се надевам дека ќе бидат кооперативни и ќе ми помогнат да го вратам. Добра работа е што не може засекогаш да бидат нивни – рече Федерер во една прилика.

Логото можеше да го носи само на патики, бидејќи користеше производ на „Најк”, а „Уникло” не го произведува тој дел од опремата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот