Розеви соништа: Кристијан Голубовиќ објави фотка на која спие покрај куп банкноти од 500 евра! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Кристијан Голубовиќ како што е познато, од неодамна е повторно слободен човек, со оглед на тоа дека ја одлежа затворската казна која траеше осум години.

Поранешниот учесник во „Фарма“, повторно е активен на социјалните мрежи, а на Фејсбук објави фотографија која предизвика доста внимание.

Имено, на фотката се гледа како Кристијан спие покрај куп банкноти од по 500 евра.

– Розеви соништа – напишал Кристијан.

Со оглед на тоа дека се зборува дека Голубовиќ ќе биде дел од „Задруга 4“, еден од неговите пријатели на Фејсбук го прашал, дали тоа е авансот кој го земал од продукцијата.

Погледнете ја фотографијата:

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот