Розберг: Фетел ги прави истите грешки од минатото

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Шампионот во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг не штедеше критики за возачот на Ферари Себастијан Фетел кој повторно имаше неспретна реакција на трката во Бахреин.

Фетел во 37 круг беше поминат од возачот на Мерцедес по што го изврте болидот. Лошиот маневар со кој заработи оштетување на предно крило мораше да замине во боксот на Ферари со што си ги уништи шансите за висок пласман.
Ова не е прв пат возачот на Ферари да реагира на ваков начин кога ќе биде претекнат од Хамилтон.

– Тој продолжува да го прави она што го правеше минатата сезона, да прави грешки. Кога е под притисок, тој ќе се изврти на патеката. Неверојатно е дека ова се уште му се случува. Мора да се каже дека и Ферари ја промаши стратегијата, што внесе немир кај Фетел, а потоа направи грешка во уште една битка со Хамилтон и го упропасти целиот викенд како за него така и за тимот. Тој мора да најде решение бидејќи неговиот тимски колега е неверојатно брз и му претстои сериозен предизвик – вели Розберг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот