Роверот на НАСА првпат се движеше по површината на Марс

epa09054566 A handout photo made available by NASA shows tyre marks left by NASA's Perseverance Mars rover, 05 March 2021. The rover moved for the first time since landing on Mars on February, 18. Perseverance's main mission on Mars is astrobiology and the search for signs of ancient microbial life, according to NASA. EPA-EFE/NASA/JPL-Caltech HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Роверот на НАСА „Упорност” (Perseverance) за првпат се движеше по површината на Марс. Како што може да се види на објавените фотографии од НАСА, роботот со тежина од еден тон мина кратко растојание и се сврте во круг.

Планот на американската агенција е „Упорност” во период од две години да мине растојание од 15 километри.

Клучната цел на мисијата на „Упорност” на Марс е астробиолошко истражување што вклучува потрага по знаци на древен живот на микроби. Роверот ќе ја анализира геологијата на планетите и климата во минатото и ќе го отвори патот за истражувањата на Црвената планета од страна на човекот и ќе биде првата мисија за собирање и складирање примероци од карпи и реголит на Марс.

„Упорност” атерира во неистражена област на планетата – кратерот „Езеро”, именуван по едно село во БиХ. Некои долини што водат до овој кратер се именувани по реките Сава, Неретва, Плива и Уна.

Креатерот „Езеро” е едно од најдобрите места за барање древен живот бидејќи пред околу 3,9 милијарди години веројатно бил исполнет со вода. Претходните анализи покажаа дека наслагите во кратерот се богати со минерали што се формираат во присуство на вода, што, пак, значи дека таму некогаш можеби постоел живот. Фосилите вообичаено се наоѓаат во слични седименти на Земјата.

Следните мисии, што во моментов ги разгледува НАСА, во соработка со Европската вселенска агенција (ЕСА), треба да испратат вселенско летало на Марс за да ги вратат собраните примероци на „Упорност” на Земјата за натамошна детална анализа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот