Роверот на НАСА наречен „Curiosity“ успеа да направи панорамски фотографии од планетата Марс со досега највисока резолуција, пренесуваат светските медиуми.
Панорамата е составена од повеќе од 1000 фотографии направени за време на Денот на благодарноста во САД минатата година и содржи 1,8 милијарди пиксели, пишува НАСА.
За снимањето на панорамата е користена камерата Маст, или Масткам.
На панорамата е прикажат Глен Торидон, подрачјето кое „Curiosity“ веќе со години го истражува. Фотографиите се направени за време на периодот меѓу 24 ноември и 1 декември.