Рот му ја честиташе победата на Заев: Во исчекување сме да се фатиме за работи и да ве поддржиме на патот кон ЕУ

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот на Твитер му ја честиташе изборната победа на Зоран Заев и коалицијата „Можеме” на вчерашните парламентарни избори во земјава, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Честитки до Северна Македонија, Зоран Заев и Никола Димитров. Добра вест е што изборите беа спроведени без проблем, во исчекување сме да се фатиме за работи и да ве поддржиме на патот кон ЕУ, твитна Михаел Рот, чија земја претседава со Европската Унија до крајот на оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот